Шинтерската служба во 2018 залови 1.182 бездомни кучиња, вдомени 147

Шинтерската служба на ЈП ”Комунална хигиена” во текот на 2018 година заловила 1.182 бездомни кучиња од скопските улици.

Како што информираат од ова ЈП, заловените кучиња се транспортирани во стационарот „Вардариште“ и таму имаат добиено соодветен медицински третман што опфаќа прочистување од внатрешни и надворешни паразити, вакцинирање од беснило и стерилизација.

– Покрај заловувањето и третманот на кучињата, во текот на 2018 година беа организира поголем број на акции за вдомување на кучиња, при што од страна на граѓаните се вдомени 147 кучиња. Во делот на инвестициони вложувања е набавено и едно специјално возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици, велат од ЈП”Комунална хигиена”.