Шилегов: Затворениците во Идризово ќе се грижат за уличните кучиња! (видео)

Кучињата скитници за граѓаните се огромен проблем. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје за Детектор покажува дека 60% од граѓаните се со став дека државата треба да обезбеди прифатилишта за кучиња во кои ќе бидат сместени без да им се заканува успивање и речиси ист процент се подготвени да плаќаат повеќе на своите општини за изградба на вакви прифатилишта.

Јавното мислење во емисијата Детектор беше презентирано пред скопскиот градоначалник.

Шилегов вели дека проблемот е наследен и трае со години, но сепак тој си задава рок од 3 до 4 години во кој преку низа мерки очекува скопските улици да бидат побезбедни.

Во тек се подготовките за формирање на новото јавно претпријатие на градот Скопје за третман на животните скитници. Тоа ќе трансформација на постојниот капацитет на Вардариште и јас се надевам дека во текот на оваа година ќе успееме да повикаме дел од градежните фирми кои што градат на територија на градот Скопје да бидат општествено одговорни и еден објект кој што јас го нудам во соработка со Агенцијата за извршување санкции, тоа е поранешната фарма на затворот Идризово да биде реконструиран, а таму имаме околу 500-600 места кои би се искористиле за чување и третирање на животните скитници. Така што јас очекувам за 3-4 години ќе го решиме овој проблем.