Шилегов за Ќосето: Уривањето на дивоградба не е свечен чин и не треба да се прави со најави

Во интервју за „360 Степени“, Петре Шилегов, градоначалник на Скопје, зборуваше за отстранувањето на споменикот на Андон Јанев-Ќосето.

 – Поставување на споменик е свечен чин и тој по дефиниција не треба да се одвива во раните утрински часови, шверцерски. Очигледно е дека некој ја знаел или ја познавал правната ситуација. Контроверзноста што таквото поставување на таков лик, на таа локација, со таква стравична порака за џелатење на луѓето кога влегуваат во судот, го знаел и така одлучил, наместо да го направи еден свечен чин на поставување на споменик на некој што можеби е заслужен, или во конкретниот случај е измислен лик во нашата историја. Додека уривањето на дивоградба нема во себе свеченост. Тоа не треба да го правите со фанфари и со најави, и тука сте рационален во приодот, изјави Шилегов во интервјуто.

Вели градот имал 3 дена за да нема и дополнителни трошоци.