Шилегов за грчки Етнос: Се надевам дека коњот ќе биде отстранет од плоштадот во Скопје

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов во интервју за грчкиот портал Етнос изразил надеж дека како што рекол, коњот ќе биде отстранет од плоштадот во Скопје. Тој за грчкиот медиум објаснил дека тоа не е негова надлежност туку на општина Центар но дека се надева дека споменикот ќе биде отстранет. 

Шилегов објаснил дека во моментов работи на отстранување на галиите кои според него биле опасни за градот.

За мене приоритет е безбедноста на градот, бидејќи трите лажни галии се наоѓаат во реката и може да предизвикаат штета во градот поради можноста за излевање на водата. Но, освен опасен е и бескорисен проект што не му е потребен на центарот на градот. Не припаѓа на нашата традиција, култура и цивилизација, рекол Шилегов, пренесе МИА.

Во интервјуто градоначалникот зборувал за соработката со градоначалниците на Солун и Атина и пречките кои на тој план ги стави пандемијата на корона вирусот.