Шилегов: Универзална сала ќе се реконструира, но на Скопје му треба нова сала!

Култната Универзална сала во Скопје ќе биде реконструирана и тоа е моментално најдоброто разумно решение за овој објект. Сепак, во главниот град мора да биде изградена нова сала што поскоро, истакна денеска градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

– Конечно се создадени услови за целосна реконструкција на Универзална сала. Јавноста ја даде идејата за да се сочува ликот на овој објект. Тоа е разумно решение. Ја спроведуваме на дело волјата на граѓаните. Сепак, изградбата на нова сала е нешто што мора да се случи. Убеден сум дека наскоро и за тоа ќе наидеме на средства – истакна Шилегов.