Петре Шилегов нема да го урива споменикот на УЧК во Чаир, бидејќи Градот Скопје нема надлежност во случајот, изјави скопскиот градоначалник во вечерашното интервју во емисијата „360 степени“ на телевизија „Алсат-М“.

„Градот Скопје тука нема правен допир. Ниту се појавува како инвестититор, ниту како поставувач, затоа не може да се направи паралела на постапувањето на Градот при уривањето на Ќосето со споменикот на УЧК. Тоа е работа на општинските органи на Чаир и на Министерството за транспорт и врски“, појасни Шилегов.

Прозивките на опозицијата ги оцени како очигледен, како што рече, ефтин популизам и привитизам. Така го окарактеризира и повикот на лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански, кој побара Шилегов да го тргне „орелот“ од Чаир.

„Тоа е оној истиот каде што ТМРО и ВМРО-ДПМНЕ беа коалициони партнери. Сите, и тие и јавноста добро го знаат сценариото“, додаде градоначалникот.