Шилегов со оџачари ќе го намалува проблемот со загаденоста на воздухот

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов ќе обучува 25 оџачари, со цел, надвор од грејната сезона да започне со справување со проблемите со загадувањето.

СПоред она што го истакна градоначалникот на Скопје денеска, тоа нема да го реши проблемот со загадувањето, но ќе помогне во справувањето со тој проблем. 

- „Бидејќи нема оџачари, Град Скопје заедно со Министерство за труд и социјална политика, но и Агенцијата за вработување, ќе спроведе обука која ќе трае три месеци. Лицата кои ќе се обучуваат ќе добиваат по 9 000 денари, а по завршување на истата, освен сертификат, ќе добијат и материјали потребни за чистење на оџаци“ најави Шилегов.