Шилегов се сретна со ученици од основните училишта во општина Бутел

Градоначалникот Шилегов денеска се сретна со ученици од основните училишта во општина Бутел.

За време на средбата учениците на Шилегов му доставија писмо со препораки за подобрување на состојбата во Градскиот парк меѓу кои збогатување со реквизити, поставување информативни табли, репарирање на клупите, повеќе корпи за отпадоци, означување на пешачките и на велосипедските патеки, како и редовно одржување и санирање на каналите и на езерцата во паркот.

Шилегов ги запозна учениците со редовните активности на Градот Скопје за одржување на Градскиот парк, како и со плановите за негово дополнително разубавување. Заедничката средба заврши со иницијатива учениците да учествуваат во подигнувањето на свеста за зачувување на поставената урбана опрема во Градскиот парк.

Средбата на Шилегов со учениците е во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието.