Шилегов се прости од градоначалникот на Загреб: Скопје загуби голем пријател

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов утринава се прости од својот колега од Загреб, Милан Бандиќ кој синоќа ненадејно починал откако доцна во ноќта му се слошило, по што итно бил хоспитализиран во загребската болница „Свети Дух“.

„Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата за себе ја создаде за време на својот живот. Скопје загуби голем пријател. Јас загубив голем пријател. Почивај во мир Милане !!!“, напиша Шилегов на Фејсбук.

 

Со голема жал и неверување ја примив веста за прераната смрт на Милан Бандиќ. Загреб загуби градоначалник, кој легендата...

Posted by Петре Шилегов on Saturday, February 27, 2021