Шилегов: СДСМ нема направено ниту една стратешка грешка откако е на власт

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во интервју на Радио Слободна Европа на прашањето која е клучната грешка што партијата ја направи откако дојде на власт, тој им порача на своите гласачи дека не е грешка ако СДСМ не вработил некој свој член и дека тоа е одлика на погрешно владеење и политика. Тој исто така додал дека според него, немаат направено ниту една стратешка грешка откако СДСМ е дојден на власт.

- Стратешки дека некаква грешка сме направиле водејќи ја оваа држава јас сè уште не можам да видам. Впрочем сте донеле политички одлуки врз чија основа оваа држава е во НАТО. Споро ни оди со судството. Проклето споро ни оди. Не зборуваме за целото судство, туку доменот онаму каде што е одлучувањето за криминалот. Претежно зборуваме за еден суд во државата, Основниот суд и еден суд во државата, Апелационен. Знаете што сè не се случи за да го смениме претседателот на Врховниот суд и какви беа тие односи. Меѓутоа не верувам дека тоа е риверзибилен процес. Тоа не може веќе да се врати. Тргна таа работа. Таа ќе ја довршиме после изборите и конечно ќе успееме чекор по чекор, можеби ќе звучам грубо, за реално прв пат да воспоставиме владеење на правото во Македонија, вели Шилегов.