Шилегов: Само нека ми ги префрлат спомениците, ќе видите што е уривање

Скопје 2014“ е проект на централната власт, а не на локалната власт, рече поранешниот градоначаник на Скопје, Коце Трајановски вечерва во емисијата „Само вистина“, на што актуелниот градоначалник Петре Шилегов му возврати „Вие ги дававте дозволите, аманте луѓе“.

- Ние дадовме дозвола за да се прават пет споменици и ја преземавме обврската да ги одржуваме. Мислам дека Ќосето не требаше да го дислоцира, тоа е селективен маркетинг. Се направи ветување ќе срушиме, и ете да направат нешто – рече Трајановски

Шилегов возврати – кога ќе ги дадат спомениците на градот, тогаш ќе видат што е уривање.

- Околу уривањето, само нека ми ги префрлат спомениците, ќе видите што е уривање. Македонија беше поробена од Груевистичка чизма и насилно и беа поставени споменици – изјави Шилегов.

За фасадите Трајановски рече дека во минатото биле слични како овие што биле, но од 1963-та направен е упад во арихтектурата и се е изменето.

- Вие пред суд ставивте егзекутор на организација, Ќосето – револтиран беше Шилегов, на што Трајановски возврати дека Ќосето му бил сопатник на Гоце Делчев.