Шилегов: Пробиваме многу коридори, работиме со кратки рокови и се инвестира во сите општини

Градот Скопје во текот на месец јули ја започна летната градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари.  Летната градежна офанзива опфаќа проширување и изградба на четири сообраќајници и реконструкција на постојниот коловоз седум сообраќајници.

Проектите се да градат со засилено темпо, со рекордно кратки рокови во сите 10 скопски општини. Новите сообраќајници треба сериозно да го олеснат и подобрат сообраќајот во Скопје и да влијаат на безбедноста на учесниците во сообраќајот. Скопје продолжува да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да се обезбеди одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај.

За сообраќајниците, инфраструктурата и проектите неодамна градоначалникот Шилегов говореше во неговото гостување на Канал 5 телевизија. Ние пробивме многу коридори во нашиот град, многу работи кои проблем на граѓаните се решени, се при крај или е започнато нивното решавање, истакна тогаш Шилегов. Тој додаде дека во изминатите 4 години започнати се многу работи, кои се во точка од која нема враќање, како клучката на Момин поток, клучката на Словенија, Бас рапид транзитот.

Често на оваа тема се објавуваат постови и на социјалните мрежи. Реконструкциите на сите улици од и од годинешнава градежна офанзива ги завршуваме со рекордно кратки рокови со цел да обезбедиме услови за одвивање на сообраќајот без создавање на сообраќаен метеж, се вели во една од објавите на Шилегов.

Новите стандарди на квалитет во работењето, градењето по план и рекордно брзите рокови во кои ги завршуваме реконструкциите се нешто што граѓаните го препознаваат и поздравуваат секојдневно, додава тој на фејсбук.

Како изгледа градежната офанзива по општини? 

ЦЕНТАР:  

Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри

АЕРОДРОМ:

Булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, на должина од 300 метри,

улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, на должина од 1.000 метри

Булевар Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 1.500 метри

Булевар Кузман Јосифовски Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин

КАРПОШ:

Раскрсница на улицата Скупи и булеварот 8.Септември, раскрсница на булеварот 8.Септември

БУТЕЛ:

Булеварот Никола Карев и раскрсница на булевар Никола Карев и булевар Словенија и улица Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри

КИСЕЛА ВОДА:

Булевар Борис Трајковски, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ:

Улица Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри

ЧАИР:

Булевар Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри

ШУТО ОРИЗАРИ: 

Улица Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри

САРАЈ:

Реконструкција на патотот до селото Бојане

Но градежната офанзива не е нешто ново и во текот на минатата година беа обновени неколку скопски сообраќајници. Во текот на есенската градежна офанзива на Град Скопје, пред крајот на 2020 година, беа обновени многубројни сообраќајници во повеќе скопски општини, со посебен акцент на реконструкцијата на источниот влез во градот.

До крајот на годината планирано е да започне реконструкцијата на уште три улици. По една во Центар, Бутел и Аеродром. Според информациите од град Скопје планирана е реконструкција на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, на должина од 530 метри, улицата Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри и булеварот Кузман Јосифовски Питу, на потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин.