Шилегов: Пожарот кај „Димитар Влахов“ е под контрола, пожарникарите се на висина на задачата

Ниту еден објект, ниту човечки живот не е загрозен. Противпожарната бригада на Град Скопје, како и секогаш е на висина на својата задача, напиша Шилегов на Фејсбук.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов преку Фејсбук информира дека пожарот кој вечерва избувна во близина на средното училиште „Димитар Влахов“ е ставен под контрола.

„Пожарот околу пругата е ставен под контрола. Ниту еден објект, ниту човечки живот не е загрозен. Противпожарната бригада на Град Скопје, како и секогаш е на висина на својата задача“, напиша Шилегов.