Почитувани непочитувачи...гледам дека сте се распишувале за Дино, Винтерленд, колку, што, како ... (при тоа ретко кажувате дека тоа не се наши, буџетски пари, туку спонзорски). А колку чини среќата на Скопјани?
Ова го напиша скопскиот градоначалник Петре Шилегов на Фејсбук.
- Колку чини оваа среќа, љубов, незаборавни моменти на Скопјани ? Моменти што животот го прават убав, полн со сеќавања. А сеќавањата се нешта што стареат со нас, добиваат вредност со нас, со нашите години, со нашите спомени. Радоста и сплотеноста на Скопјани е мноооогу, многу повредна од Вашата црна кампања. Ваш е изборот. Искрено се надевам дека ќе најдете сила да ја пронајдете и поубавата страна од животот. Дотогаш, барем радувајте се на туѓата среќа. Така полесно ќа ја најдете и сопствената, напиша тој.