Шилегов објави видео од диносаурусите кои треба да бидат поставени во ЗОО Скопје

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, попладнево на фејсбук објави фотографии и видео од диносаурусите кои треба да бидат поставени во скопската зоолошка градина. Во објавата Шилегов напиша: Последна проверка пред монтажа. Дино парк во Скопје ЗОО ! Loading ...Скопје, една поинаква приказна ...

Зоолошка градина – Скопје наскоро ќе добие тематски парк со забавно-едукативен карактер кој ќе овозможи забава и едукација за посетителите од сите возрасти кои сакаат да дознаат нешто повеќе за праисториските животни. Паркот ќе се простира на површина од околу 2.000 квадратни метри, а во него ќе се постават 41 фигура од различните видови праисториски животни кои ќе бидат во природна големина и со синхронизирани движења, проследени со звуци.

Според проектот, предвидено е Дино паркот да има два влеза: од внатрешноста на зоолошката градина и влез од североисточната страна, патеките ќе бидат изградени од обработен камен, а постојното зеленило ќе се дополни со ново.