Шилегов објави „пред и потоа“ видео од стационарот „Лајка“

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на неговиот официјален фејсбук-профил објави „пред и потоа“ видео од стационарот „Лајка“, при што истакнува дека е извршеба целосна реконструкција и создаден модерен стационар по најнови европски стандарди.

– Состојбата во која го затекнавме претходниот стационар не ги задоволуваше основните стандарди и услови што се очекуваат за хуман третман на уличните кучиња. Извршивме целосна реконструкција, создавајќи модерен стационар по најнови европски стандарди. Затоа што веруваме дека работите секогаш може да ги направиме подобри, наведе Шилегов на Фејсбук.