Шилегов: Новата градска куќа не е достојна за овој град, затоа оди на продажба

Ние ќе направиме обид да продадеме еден објект што не е достоен за градот Скопје, нефункционален. Место што не е поврзано со јавен транспорт или нема ни паркиралиште за луѓето што треба градот да ги опслужи, место што едноставно е недостојно за главен град. Погледнете ги главните градови во Европа. Во Тирана на плоштад, во Софија на плоштад, во Љубљана на плоштад, во Сараево е на центарот. Ова во интервју за МИА го вели првиот човек на градот, Петре Шилегов.

Едноставно тоа е стандардот што го сакам. Ако успееме да ја продадеме Градската куќа таков стандард и ќе запазиме. Притоа до цент што е вложено, до денар што е вложено од граѓаните на Скопје преку буџетот на градот ќе биде вратен затоа што е тоа минималната цена од која ние ја стартуваме продажбата и под која нема да се спуштиме, додава тој во интервјуото.

За поголема транспаретност во постапката вели дека ги поканил сите сите советнички групи да достават свој претставник кој ќе биде на извесен начин надворешен член или надзор на работата за продажбата.