Шилегов на работа со електричен автомобил

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов ги испочитувал мерките кои ги предложи градот во услови на енормно загадување на воздухот, па на работа доаѓа со електричен автомобил, потврди денеска самиот, пренесува Фактор.

Веќе втор ден поради загадувањето, бесплатен е јавниот превоз во главниот град а паркингот е поскап двојно. Некои од скопските градоначалници вчера дојдоа на работа со автобус или пешки.