Шилегов на фејсбук: Првата од трите галии заминуваат во историјата

Градоначалник Петре Шилегов денес на својот фејсбук објави фотографии од демонтирањето на галијата која е поставена во водите на реката Вардар во центарот на Скопје. 

Првата од 3-те галии во коритото на Вардар, почна да заминува во историјата.Скопје, една поинаква приказна, напиша Шилегов на фејсбук.

Граѓаните се со поделени мислења, дел од нив го критикуваат овој потег на актуелниот градоначалник обвинивајќи дека руши нешто што тој не изградил, но дел сметаат дека ова е добра одлука.