Шилегов: Мостот Гоце Делчев или ќе падне или граѓаните ќе издржат додека се работи

Градоначалникот на Скопје изјави дека мостот Гоце Делчев ќе се реконструира околу 40 дена. По 13 години се преземаат активности за негова санација а метежот или ќе се издржи или мостото Гоце Делчев ќе падне. Се врши дилатација која не е направена 13 години. На мостот Гоце Делчев во наредните месец и половина ќе има посебен сообраќаен режим. Шилегов има веќе има друг план како ќе се решава градскиот метеж но тоа засега не е со кружни текови на раскрсницата кај Мавровка и за раскрницата кај Влада.

„Во овој момент се работи интезивно на изработка на коридорите, раскрсницата кај Владата ќе биде оптоварена со дополнителен сообраќај по изработката на тунелите а кај Мавровка, откако ќе влезе импактот од сообраќајот од булеварот АСНОМ преку Ќерамидница. Паралелно ги работиме мора да ги имаме тие анализи, анализи сообраќајни кои ги работиме се со проекции на 20-30 годишен сообраќај, но како ќе се движат тие работи така ќе ги вршиме паралелно.“