Шилегов: Ќе организираме дочек за Нова година, се е подготвено, се знаат и пејачите

Оваа година Градот Скопје ќе организира дочек на Новата година најави градоначалникот Петре Шилегов на денешната седница на Советот, пренесува Слободен печат.

На прашање на советничка, зошто лани немаше прослава, а годинава се одделиле пари во буџетот за таа намена, Шилегов одговори дека тоа било затоа што тој дошол на власт во ноември и не се знаело ниту кој ќе пее, ниту како ќе се украси градот.

– Оваа година ќе има прослава, знам и кој ќе пее и се ќе биде подготвено. Ќе го видите Скопје како никогаш досега, бидејќи скопјани го заслужуваат тоа – рече градскиот татко.