Шилегов ќе ги тргне вртелешките од Плоштадот

Град Скопје ќе ги тргне двете вртелешки кои ексградоначалникот Коце Трајановски ги стави на Плоштад Македонија и на кејот на Вардар пред Министреството за надворешни работи, информираат за САКАМДАКАЖАМ од кабинетот на Шилегов.

Тие го блокирале кејот на Вардар, па затоа ќе завршат на соодветна локација: - „Втората локација пред МНР е несоодветна поради тоа што нема фреквентност на движење. Каруселите се отстрануваат по барање на велосипедистите коишто бараат да се ослободи поголем простор за пешаци и велосипедисти на тие локации. Исто така, поради близината на локациите, бројот на посетители на двата карусела остана приближно ист со бројот на посетители кои досега го користеа првиот карусел лоциран на плоштадот Македонија, односно незначително се зголеми, а со тоа и приходот од двата карусела остана речиси ист, а се подели на два реквизита, додека пак трошоците кои се создадоа за друштвото се значително поголеми“, велат од кабинетот на градоначалникот Шилегов, за САКАМДАКАЖАМ.

Инаку, првата вртелешка беше поставена во 2013. година, додека втората лани летото.