Шилегов: Интервенирав полицијата да се појави на Водно!

Градот Скопје не е тој кој врши контрола на непочитувањето на одлуката за забрана за движење на возила на Водно за време на викенд. Според него, тоа е надлежност на МВР.

– Ние ја пропишуваме мерката. Министерството за внатрешни работи е должно да ја спроведе. Викендов интервенирав да се појави конечно полиција таму за оние кои не ги почитуваат прописите да бидат санционирани – рече Шилегов.

Тој истакна дека дел од мерките против аерозагадувањето се и интензивното чистење на градските улици и булевари од страна на ЈП “Комунална хигиена”.

Од Градот Скопје ги повикаа и градоначалниците на општините да ги интензивираат инспекциските надзори над фирмите кои работат со отпадни гуми и отпадни масла, Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, а Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.