Шилегов: И покрај пандемијата, успеавме да ги решаваме фундамелните работи во нашиот град

-И покрај пандемијата, успеавме да ги решаваме фундамелните работи во нашиот град. Кога дојдов како градоналачник налетав на 30 годишното некадарно справување со Скопје. Од 2005 година, плус мину ссе истите пари на располагање на градот. Најбитно е да ги најдете вистинските приоритети за градот, наведе градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов во своето гостување во „Студио 10“ на ТВ 24. 

-Она за што јас можам да го кажам гордо дека се изградени четири булевари, еден мост завршен во Аеродром, друг почнат во Карпош, 110 километри велосипедски патеки, многу зеленило, по 40 години зборување за трамвај, сега Бас рапид транзитот е тендериран, завршена финансиската конструкција, после долги години малтретирање на уличните кучиња направивме стационар, што е пример во регионот, сето тоа се политики што ги креиравме за нашиот град за одржлив развој на инфраструктурата, се токму тоа со кое што јас настапувам пред скопјани, наведе Шилегов.