Шилегов ги награди најдобрите матуранти во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денеска во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар, во рамките на манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“, на најдобрите 27 матуранти – првенци на генерацијата (2014-2018 и 2015-2018 година) од 22 средни училиште, им додели признанија и парични награди.

 – Ви пожелувам  срдечно добредојде на оваа средба препознатлива  како „Средба меѓу првиот и најдобрите“ која традиционално, веќе 11 година, ја организира Градот Скопје. Денеска наградуваме 27 млади сограѓани првенци од 22 средни училишта на Градот Скопје, а од следната година ќе ја имаме и првата  генерација од матуранти од 23-тото средното училиште во Сарај – истакна Шилегов.

Тој додаде дека првенците се на една раскрсница во животот, дека во средношколските клупи стекнале другари за цел живот, а со своите успеси  си поставиле една своја основа, и им порача да ја користат таа основа, секојдневно да се стекнуваат со нови знаења, затоа што нивниот успех, е успех токму и на градот Скопје.

Добитници на наградите и признанијaта се: Анита Иванова  и Оле Димитријевска од СУГС „Лазар Танев“, Теодора Трпоска од СУГС „Јосип Броз Тито“, Бојан Јакимовски од СУГС „Кочо Рацин“, Тамара Андоновска од СУГС „Георги Димитров“, Мелике Исемова од СУГС „Арсени Јовков“, Марко Жаров од СУГС „Здравко Цветковски“, Едвин Лековиќ  од СУГС „Браќа Миладиновци“,  Валентин Стојановски од  СУГС „Владо Тасевски“,  Сања Георгиева од СУГС „Димитар Влахов“,  Блин Шабани  и Џемиле Идризи од СУГС „Цветан Димов“, Кире Петковски и Давид Тиранивски од СУГС „Михајло Пупин“, Матеј Јовановски и Шуајб Саќипи, Дарија Велкова од СУГС „д-р Панче Караѓозов“, Дијана Ивановска и Стефан Левковски од СУГС „Боро Петрушевски“, Леона Ебиби  од СУГС „Зеф Љуш Марку“,  Симона Смилевска од СУГС „Панче Арсовски“, Лидија Божиновска од СУГС „Васил Антевски-Дрен“, Филип Михов од СУГС „Орце Николов“, Елена  Костовска од СУГС „Никола Карев“, Милена Трајаноска од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“, Мазез Зеќири  од СУГС „Марија Кири-Склодовска“ и  Емануел Мухаџери од СУГС „Шаип Јусуф“ .

И годинава, Секторот за локален економски развој на Град Скопје, како награда на најдобрите средношколци-првенци во генерацијата и сите оние што на некој начин придонеле за афирмација на нивното училиште  на организираше  екскурзија „По стапките на творците на градот“.

Целта на овој проект е запознавање на младите генерации со знаменитостите, убавините и богатата историја, традиција, мултиетничкиот начин на живеење во Скопје низ вековите до денес.