Шилегов: Една година ќе дискутираме, потоа ќе одлучиме каде ќе се плаќа паркинг за мотоциклите

Пред нас е една година дискусија во која ќе треба низ разговор со мотоциклистите да утврдиме дали и каде ќе се плаќа паркингот за мотоцицклите. Ова во интервју за 1ТВ го изјави Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Вистинско време е да се стави ред во паркирањето. Скопје мора да биде град во кој ќе владее редот. Помина времето кога одлуките се носеа и градеа преку телефон, додаде Шилегов во гостувањето на телевизијата.

Моторџиите викендов на мирен протест пред бараките на Градското собрание, незадоволни од најавата на градоначалникот Петре Шилегов дека ќе наплаќа за  паркирањето на мотоцикли. Нагласија дека за нив е неприфатлива таквата давачка , бидејќи таква пракса нема ниту во еден европски град.