Шилегов до новинарка на „Алфа“: Сирота ти (видео)

Oткако му порача на еден граѓанин „Никад више да не го гласа“, градоначалникот Шилегов овојпат и порача на новинарката на „Алфа ТВ“ - Сирота ти, затоа што го прашала што прави со проблемот со аерозагадувањето. Тој ја обвини дека поставува тенденциозни прашања и порача дена на прсти се броеле деновите кога Скопје било загадено.

На заминување, тој тапшајќи ја по рамо на новинарката на „Алфа“ ѝ вели „Сирота ти”. Ситуацијата е снимена од камерата на телевизијата.