Шилегов: Цената на водата не е тајно покачена, издвоен е надоместот за јавно зеленило

Градоначалник Шилегов негира дека градските советници тајно ја покачиле цената на водата. Тој вели дека структурата на цената на сметката за водата е иста, само што сега граѓаните првпат може да видат дека на сметката се плаќа и одржување на градското зеленило.

- Не е одлука на Советот и не е ново. Одлуката на Советот на Градот е од 2012 година, а согласно решението на Регулаторна комисија од 2016 година да се издвои ставката за одржување на градското зеленило, сега е воведена во сметките за вода. Значи водата не е поскапена, само во сметката сега првпат е видливо како ставка и финансирањето на „Паркови и зеленило“, изјави Шилегов.