Шилегов бара трепение за гужвите по булеварите

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов бара трпение и вели дека во следните 20 години скопјани ќе имаат бенефит од реконструкцијата на неколкуте клучни улици во градот кои го отежниваат сообраќајот.

Прашан зошто карантинот не бил искористен за реконструкција, рече дека во тој момент се работело на четири делници, а потоа почнал предизборниот период, а во текот на летото не се работело за да не биде протолкувано како предизборно одработување