Шилегов: 2019 ќе биде година на капитални инвестиции за град Скопје (видео)

На голема врата во 2019та година градоначалникот Петре Шилегов влезе со ново ветување кое тежи 150 милиони евра – пари кои ќе бидат инвестирани во изградба на долгонајавуваниот трамвај во Скопје.

Аерозагадувањето останува и понатаму како проблем за кој Шилегов уверува дека на долгоречен план ќе се реши деценискиот наталожен проблем со аерозагадувањето. Дронот вели е потребен за лоцирање на жариштата кои ја загадуваат животната средина. Бесплатниот превоз за средношколците останува, но Шилегов потенцира дека за време на зимскиот и летниот распуст учениците треба да ја користата втората алтернатива, а тоа е да си плаќаат од сопствен џеб.

Погледнете го целото интервју на градоначалникот Петре Шилегов за 24.mk: