Шестмина тешко повредени во Скопје

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на 11 сообраќајни несреќи, од кои седум се со материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет лица. 

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда, во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мопед.

Самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје информира дека во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. 

Санкционирани се 11 возачи кои со возилото се движеле со брзина поголема од дозволената, шест возачи управувале нерегистрирано возило, четири лица биле без возачка дозвола, 11 непрописно паркирани возила и тројца возачи почетници кои сториле прекршоци по разни основи.  

Затекнати се и четири пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 34 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Денеска Одделението за превенција при СВР Скопје, со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „Весели цветови“, објект „Синоличка“ која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.