Шестмина повредени во неколку сообраќајки во Скопје

Едно лице е тешко повредено, а пет полесно во осумте сообраќајни незгоди што вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје.

Од МВР информираат дека сообраќајната полиција санкционирала 36 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената, а 24 биле исклучени од сообраќај. Шестмина од исклучените возеле под дејство на алкохол, 13 управувале без дозвола, а двајца биле почетници.

При контрола на возилата, полицијата од сообраќај исклучила 10 возила од кои девет биле не регистрирани и едно технички неисправно.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 46 возила.