Шестмина Македонци казнети поради лажни ПЦР-тестови

Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривични пријави против шест лица, државјани на Република Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „непостапување според здравствените прописи за време на епидимија“.

Пријавените, на 12, 13 и 14.03.2021 на Граничен премин Меѓународен аеродром - Скопје приложиле фалсификуван негативен ПЦР тест.