На 22.04.2018 година (недела) во организација на Планинарско спортскиот клуб Скопска Црна Гора од Скопје, ќе се одржи шестиот по ред Традиционален планинарски поход на Скопска Црна Гора МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ ЧИЧКО СПИРО МИТКОВ.

ПРОГРАМА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНОТ

За сите учесници задолжително е пријавување на следниот мејл prijava@pskscg.mk најдоцна до 20.04.2018 година.

За секој учесник се наплатува по 100,00 ден. учесничка такса во која е вклучен превоз на учесникот во два правци и организација на настанот.

Се повикуваат планинарските клубови да пријават список со број на учесници на горенаведениот мејл.

Место на поаѓање е Пошта 2, кај новата железничка станица -Транспортен центар.

Време на поаѓање за спортско планинарски поход:

пријавување по списоци 7.00 - 7.30ч.
поаѓање на автобуси 7.30ч до с. Љубанци
планирано време на враќање 18.00ч. во Скопје

Во продолжение детално инфо .

СПОРТСКО ПЛАНИНАРСКИ ПОХОД

с.Љубанци-патека Костените - врв Црн камен 1585 мнв - Спирова колиба 1490 мнв – патека Три чешми – с.Љубанци

Тргнување од с. Љубанци: 8.00ч.
Попатни паузи
Пристигнување на врв Црн камен : 12.00ч
Поаѓање од с.Љубанци за Скопје : 17.30ч
Пристигнување на Пошта 2 (нова железничка): 18.00ч.

Инфо околу патеката и упатства за учесниците

Турата е средно тешка и е наменета за психофизички спремни планинари.
Патеката е долга 20км. Сите учесници треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволна количина на вода и храна, според своите потреби. Потребно е со себе да понесат опрема за заштита на телото од влажни услови и добро разгазени обувки. Доколку се увиди дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во походот.

Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи походот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.

Секој учесник доаѓа сам и учествува сам на своја одговорност.

Задолжително да се почитуваат водичите на групата (учесниците да не се движат пред првиот и позади последниот водич). Водичите ќе бидат препознатливи по жолтите маички кои ќе ги носат на кои стои амблем на клубот.

- исхрана од ранец секој самостојно
- мимимум 2 л вода
- дополнителни потреби од ранец, секој самостојно
- планирано време за походот 8 часа
- време на активно движење 6 часа
- активно време на искачување 4 часа
- активно време на спуштање 2 часа
- разлика во денивелација 950 мнв
- почетна позиција 660 мнв
- највисока позиција 1585 мнв