Шестгодишно девојче било каснато од куче скитник во Кисела Вода

С.Х.(48) од село Љубин, скопско, утринава во 0:20 часот во Полициското одделение Сарај пријавил дека вчера околу 22:00 часот во село Љубин неговиот 10-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница.

Д.С.(49) од Скопје вчера во 12:00 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавил дека на улица „Христо Татарчев“ неговата шестгодишна ќерка била касната од куче скитник во пределот на левата надколеница.