Шестгодишно дете е тешко повредено во страотна сообраќајка во кичевско

Шестгодишно дете е повредено пткако се запалило возило при судир со друго возило на крстосница во кичевско. 

- На 02.12.2025 во 17:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на крстосница помеѓу регионалниот пат за с.Осломеј и ул. „Загорје“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Џ.(31) од село Зајас, кичевско и патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Л.Б.(23) од село Стрелци, кичевско, при што настанал пожар во возилото „форд“. Од екипа на Територијалната  противпожарна единица Кичево пожарот е изгаснат, информираа од полицијата, соопштија од полицијата. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила шестгодишна сопатничка од с.Зајас од возилото „форд“, додека со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево.