Додека траеше вчерашната миса во Спомен-куќата на Мајка Тереза, шестгодишната Гонџа често се вртеше кон четирите сестри милосрдници кои седеа околу неа. Ги набљудуваше, им се насмевнуваше детски весело, а и тие возвраќаа, пиренесува Дневник.
И беа интересни облечени во бела одежда со препознатливи сини ленти кои одамна станаа синоним за хуманоста, за помагање на сиромашните и изнемоштените.
Потоа, малата Гонџа замина кај своите родители, Јосип и Барабара, кои исто така заедно со сите останати деца, беа дел од вчерашната служба што се одржа во чест на прогласувањето на Мајка Тереза за светица во нејзината спомен-куќа во центарот на нејзиниот роден град.
Таткото Јосип, кој ни рече дека е католички мисионер и дека со семејството живее во Kуманово, не ја криеше радоста и задоволството што Мајка Тереза стана светица и што едно од нивните деца го носи нејзиното име.