
Средните скопски училишта добиваат нови и модерни спортски терени.
- Горд сум кога нашата визија што ја градиме, полека добива своја форма, што ми дава уште поголема инспирација и мотив да продолжиме уште посилно. Со силна и јасна цел да ги мотивираме средношколците да живеат здраво, ставаме огромен фокус во инвестирањето во спортската инфраструктура. Ова е инвестиција во здрави генерации кои се темелот на нашата иднина, порача градоначалмикот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски.
Во моментов се во реализација нови и реконструирани спортски терени, во училишта:
- СУГС „Браќа Миладиновци“ - повеќенаменско спортско игралиште.
- СУГС „Здравко Цветковски“ - повеќенаменско игралиште со специјално уредени спринт-патеки.
- СУГС „Димитар Влахов“ - ново фудбалско и кошаркарско игралиште.
- СУГС „Кочо Рацин“ - фудбалско игралиште, терен за одбојка и целосно реконструиран под во спортската сала.
- СУГС „8 Септември“ - игралиште за кошарка и одбојка.
- СУГС „Ѓорѓи Димитров“ - тениско, кошаркарско и фудбалско игралиште.
- Сите овие терени се градат со високо-квалитетни и издржливи материјали, односно полипропиленски спортски подови од ист тип како оние што се користеа на Летните Олимписки игри во 2024 година. Ова е стандарден избор кога се сака безбедност, издржливост и професионални услови за тренинг, порача градоначалникот кој најави дека во континуитет ќе се продолжи со развој и унапредување на спортската инфраструктура низ целото Скопје.