Шест скопски улици денеска без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека утрово со прекин во водоснабдувањето ќе бидат делови од Ченто и Влае.

Оттаму информираат дека поради дефект на приклучна цевка Ф-100 милиметри на улица Жегљане во населба Ченто, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Жегљане, Фуштанска и Дурмиторска. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:40 часот до завршување со активностите.

Исто така, поради водоводен дефект од Ф-100 милиметри на улица Франц Прешерн, прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следните улици: Иван Цанкар, Ацо Шопов и Франц Прешерн. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:45 часот до завршување со санирање на дефектот.