Шест работи со кои треба да влезете во 2020 година

Добар Фенг шуи за добра нова година подразбира да се опремите себеси со работи и бои ќе ви донесат среќа и благосостојба, но и повеќе пари. Фенг шуи работи со кои треба да влезете во новата година претежно се работи со црвена боја. Оваа боја е моќна и привлекува убави работи. Еве кои работи треба да ги имате во празниците кои следуваат:

Црвен паричник

Нов паричник симболизира дека сте подготвени да примате ново богатство во новата година (материјално, но и духовно), а црвената боја ќе ви помогне да привлечете добри вибрации.

Црвена облека

Привлечете среќа во новата година со тоа што почесто ќе носите црвена боја. Уште подобро би било кога би ја носеле црвен фустан или црвена кошула токму на новогодишната вечер. 

Црвени чевли

Чевлите се секогаш поврзани со одење кон подобри ситуации, години, време... Затоа и црвените чевли ќе бидат симбол дека сте подготвени да одите напред кон подобро утро. 

Дискретен златен накит

Дискретниот златен накит ќе привлече поголемо изобилство и пари во новата година за вас и вашите најблиски.

Нов часовник

Часовникот симболизира желба за одење напред и поместување од место. Најобичен и најевтин часовник ќе има позитивно влијание на вас во следната година.

Голема торба

Овој детал симболизира дека очекувате добри работи и дека ви е потребна голема торба за во неа да ги сместите сите благодети на овој свет.