Шест работи кои луѓето со ниска самодоверба ги објавуваат на Фејсбук!

Фејсбук дефинитивно е една од најпопуларните социјални мрежи кај нас, социјална мрежа на која се споделуваат многу фотографии и различни ликови, коментари, статуси, песни...

Експертите велат дека вашиот избор за споделување на Фејсбук многу кажува за вашиот психолошки профил. Вашите објави се ваша проекција за тоа како сакате да ве гледаат другите или да се гледате самите себе.

Постојаното споделување на овие работи често се знак за недостаток на самодоверба:

Имате потреба постојано да ја споделувате вашата локација

Запрашајте се, што навистина сакате да им докажете на другите? Дополнително, луѓето забораваат навистина да уживаат онаму каде што се затоа што се преоптоварени со тоа како ќе се претстават на Фејсбук.

Слики од теретана

Тоа што ќе ставите слика дека сте во теретана нема да ви донесе подобри резултати при вежбањето.

Го сликате и објавувате вашето јадење

Зошто мислите дека некој го интересира тоа што јадете и што сакате да постигнете со тоа? Опуштете се и уживајте во храната, таа нема да биде помалку вкусна ако не ја видат сите на Фејсбук.

Објавувате сѐ што ќе купите

Според мислењето на експертите ова укажува на сериозен недостаток на самодоверба. Сите одат во шопинг и купуваат сѐ и сешто и сега што?

Фотографирање автомобили на кои логото е во прв план

Многу селфиња и слики од своето тело

Експертите од Универзитетот во Арканзас утврдиле дека луѓето кои постојано објавуваат селфиња се многу несигурни во себе. Сликите од своето тело се знак дека личноста нема самодоверба, па мора да се рекламира на ФБ за да си го нахрани егото.