Шест нумери во најтесен избор за претставници на Евровизија 2022

Шест нумери од шест изведувачи ќе се натпреваруваат за да бидат избрани за претставници на Македонија на претстојната Евровизија 2022, која ќе се одржи во Торино. 

Избраните шест композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација - Евросонг, се следните:

1. Изведувач: Калина Велковска – Кaly
Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“

Автор на музика: Давор Јордановски
Автор на текст: Весна Малинова
Аранжман: Никола Васков – Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ

2. Изведувач: Јон Ајдини – Yon Idy
Наслов на композиција:  „DREAMS”

Автор на музика и текст: Yon Idy
Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy

3. Изведувач: Лара Иванова
Наслов на композиција:  „FLOWER OF SORROW”

Автор на музика: Роберт Билбилов
Автор на текст: Робин Зимбаков
Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров

4. Изведувач: Виктор Апостоловски
Наслов на композиција:  „SUPERMAN“

Автор на музика: Владимир Дојчиновски
Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски
Аранжман: Владимир Дојчиновски

5. Изведувач: Андреа Коевска – Аndrea
Наслов на композиција:  „CIRCLES”

Автор на музика: Александар Масевски
Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска
Аранжман: Александар Масевски

6. Изведувач: Борис Цветановски – Ris Flower
Наслов на композиција:  „FLYING TO BERLIN”

Автор на музика: Борис Цветановски – Ris Flower
Автор на текст: Борис Цветановски – Ris Flower
Аранжман: Мустафа Џанбазлар

Согласно Правилникот, за избраните 6 композиции, МРТ ќе изработи видеа со текст кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста.

Песните ќе и бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето.
Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се  добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.