Шест месеци и беа потребни на општина Чаир да ја санираат цевката во Топанско

Општина Чаир по шест месеци ја санираше приклучната одводна цевка која со фекалии ги поплавуваше подрумските простории и гаражите во зградата со број 66 на улицата „Благоја Паровиќ“ во Топанско Поле.

По објавата на Сител ТВ општината се вклучи во процесот, откако претходно и градоначалникот лично ветувал дека проблемот ќе биде решен, но како што тврдат станарите, ништо не било преземено. 

Сепак, станарите велат дека службите ги вшмукале фекалиите во гаражите, но подрумите се уште се поплавени со фекалии.