Шест малолетници уапсени во Центар вчеравечер - Ограбиле дете, а еден од насилниците користел остар предмет

Шест малолетници од Скопје се лишени од слобода откако се сомничат дека со закана ограбиле малолетник, а од друг се обиделе да одземат пари.

- На 04.10.2026 околу 22:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода шесте малолетници. Според пријавеното, тие со закана, при што еден од нив употребил и остар предмет, од еден малолетник одзеле пари, додека од друг малолетник се обиделе да одземат пари, информираа од МВР. 

По целосно документирање на случајот, Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „разбојништво во обид“ по член 237 и член 237 во врска со член 19 од Кривичниот законик.