Шест лица повредени во сообраќајка на патот Куманово – Скопје

Шест лица од Куманово се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна незгода што се случила вчера околу 16 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје, на излез од с. Љубодраг кон Скопје.

Како што соопшти МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(23) од с. Умин Дол, Кумановско, и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(59) од Куманово.

Во незгодата, кај М.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај возачот Д.Ц. и сопатниците С.Б., С.Е., Е.С. и И.С. биле констатирани телесни повреди, констатирани во Општата болница – Куманово.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа на СВР Куманово.