Шест лица повредени при судир на два „голфа“ на регионалниот пат Скопје-Тетово

Во судир на два „голфа“ на регионалниот пат Скопје-Тетово повредени се шест лица. 

На 02.06.2023 во 17.25 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во близина на с.Сараќино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“, управувано од О.Р.(20) од Тетово и патничко возило „голф“, управувано од Д.Р.(37) од Тетово, двете со тетовски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од првото возило, Н.Р.(47), а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и тројца сопатници од двете возила, констатирани во Клиничката болница Тетово, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.