Шест кратки филмови на фестивалот „Шнит“ во Кинотека на Македонија

Во Кинотека на Македонија вечер ќе се одржи меѓународниот филмски фестивал „Шнит“ на кој ќе бидат прикажани шест краткометражни филмови од шест земји.

Публиката ќе може да ги погледне „Многу осамен петел“ на Леонид Смелков од Русија, „Добар пат“ на Марк Вилкинс од Швајцарија, „Тркачот“ на Хозе Луис Монтесинос од Шпанија, „Чудна птица“ на Анук Фортуние од Белгија, „Елис“ на Нолан Куберо од САД и „Бања“ на Тим Елрих од Австрија.

– Фестивалот „Шнит“ почнал во 2003 година во Берн како дводневен настан, а низ годините прераснал во дванаесетдневен настан со уникатен концепт на транснационален филмски фестивал кој во исто време се одржува во повеќе градови на пет континети во светот. На  светската публика ќе и бидат претставени над 200 кратки филмови од различни кинематографии, жанрови и стилови. Исто така, овој фестивал има и компетитивен карактер кој доделува награди во вкупна вредност од 100 000 долари, соопшти Кинотеката за фестивалот „Шнит“ (http://shnit.org).