Шест чекори до најдобриот секс во животот

Еве неколку идеи за тоа како да ја подобрите ’акцијата’ во вашиот кревет.

Немојте да глумите оргазми

Лажирањето оргазми е многу честа појава. Дури 60% од жените признале дека барем еднаш одглумиле оргазам. Ако ова ви премине во навика, може да доведе до сериозни проблеми со интимноста, пад на самодовербата и проблеми во врската.

Ако не му кажете на вашето момче што ви се допаѓа и дека нешто не е во ред и всушност не доживувате оргазам, тој ќе мисли дека се` е во ред и нема да може да се потруди повеќе.

Бидете искрени еден кон друг

Кажете отворено што сакате. Бидете искрени со партнерот околу тоа што би требало да поправите во кревет, а што совршено ви одговара и ви се допаѓа. Студиите покажале дека поотворените и попозитивни партнери кога се однесува на сексот, постигнуваат поголемо сексуално задоволство. Ако прави нешто што не ви се допаѓа, немојте да молчите туку убаво кажете му го тоа.

Бидете гласни и јасни

Престанете да ги придушувате своите секси звуси. Постои директна корелација измеѓу секси гласот и добриот секс, па слободно изразете го своето задоволство и пуштете глас. На тој начин ќе го охрабрите партнерот и ќе му ставите до знаење дека ви е убаво и дека сте многу возбудени.

Што повеќе, тоа подобро

Важно е да се усовршувате во секси авантурите, а честите сексуални односи се вистински начин за тоа. Честите сексуални односи водат до подобар секс, затоа што ја зголемувате својата самодоверба, се зближувате со партнерот и станувате посреќни и поздрави.

Бидете иновативни

Секогаш воведувајте нови нешта во вашиот сексуален живот. Ако секси помагалата не ви се допаѓаат, тогаш обидете се со секси долна облека, лубрикант или можеби со нова поза или локација.

Следете го своето расположение

Нормално е вашите расположенија да варираат во текот на денот, а сексот исто така треба да го отсликува вашето расположение. Ако сакате емоционална конекција или нешто што вклучува контакт со очи, обидете се со мисионерската поза. Ако се чувствувате оптимистично, испробајте нова поза.