Шенки Версаче инволвиран во вчерашното пукање во Арачиново

Во кафуле во Арачиново вчера имало пукање, а според неофицијалните информациите на Телма инволвиран бил Шенол Маслани во јавноста познат како Шенки Версаче.

Тој е брат на Фарук Маслани кој беше помилуван од страна на претседателката Гордана Силајновска, што наиде на рекации од јавноста.

Повреден во престрелката е Сенад Ајдини. Повредениот од местото на настанот избегал со автомобил од марката БВМ.

Вчера (23.11.2024) во 14.50 часот во СВР Скопје Р.А. пријавил дека во угостителски објект во с. Арачиново од возило во движење Ф.М. пукал кон Д.Р., но го погодил таткото на пријавителот С.А.. На С.А. му е укажана лекарска помош од страна на Итна Медицинска Помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.