Шекеринска учествувала во сообраќајката кај Мрзенци, повредена девојка

Опозициската партија СДСМ во соопштение до јавноста потврдува дека потпретседателката на партијата, Радмила Шекеринска учествувала во сообраќајната несреќа кај Мрзенци и информира дека таа е во добра здравствена состојба.

Како што информираат од партијата, сообраќајката се случила кога возило, коешто претекнувало камион на недозволено место на патот, преминало на другата страна од коловозот и удрило во приватното возило во коешто се превезувала и заменик претседателката на СДСМ со нејзините родители.

Како што информираа од МВР, во сообраќајната несреќа учествувале џип со скопски регистерски таблици „мицубиши пајеро“  и автомобил „шевролет авео“ со гевгелиски регистерски таблици. 

Во сообраќајката девојката којашто го управувала автомобилот „шевролет авео“  се здобила со телесни повреди и е пренесена во гевгелиската болница.

nike air max 1 sale